На пиво со Сатјабрата во Менада

„Но, ајде да влеземе во светот на природата и нејзината магија, онаму каде батериите никогаш не се празнат и никогаш нема да имате потреба да ги полните, туку целата енергија кружи околу вас…”

Покрај најавената презентација на Илија Белевски (ПСД Макпетрол) за овогодинашното искачувањето на Килиманџаро, денеска на редовното состанување организирано од ПСД Макпетрол во клубот ГЕМ/Менада од 19 часот ќе гостува и Сатјабрата Дам, индиски алпинист, авантуристи, истражувач и одличен говорник.

Сатјабрата е човек кој долги години активно се занимава со алпинизам, планинарење и истражување насекаде низ светот, а во неговата биографија тој има запишано бројни подвизи од типот на многукратно качување на Еверест, качување на сите највисоки врвови на светските континенти, поминување на Африка што би се рекло „уздуж и попреку”, одење од Монголија до Истанбул, експедиции на северниот и јужниот пол и се она што може да се најде помеѓу горенаведениве работи. 

Според она што ние последно го дознавме, а не е запишано (барем ние не најдовме) на нет, Сатјабрата во неговиот последен проект кој трае подолг период тој ги има искачено првиот и вториот највисок врв во повеќе од 160 земји, а Македонија му е една од оние кои му фалат. 

Тој е познат и како одличен говорник, мотиватор и раскажувач и веќе има настапувано на повеќе презентации низ светот за неговиот животен пат исполнет со многу авантура. Впрочем, една од работите кои тој ги промовира е токму тоа, да се биде максимално отворен кон она што животот ни го пружа. 

Во погорниот дел имаме поставено едно видео од негова TEDx презентација во Цирих, каде тој ја разработува неговата доста едноставна, но многу длабока филозофија и пристап кон планината, животот и работите. 

Иако Сатјабрата нема да настапи со негова презентација на овој состанок кој патем е отворен за сите, туку неформално ќе биде присутен како гостин. Сепак ова е одлична шанса да запознаете еден феноменален светски лик. 

Официјалната страна на Сатјабрата е ТУКА, a вечер собирот стартува во 19 часот. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија