Љубопитноста нема граници

Импресивни фотографии од ерупција на Мауна Лоа и една група екстремни кајакари…

Малата група составена од еден фотограф и тројца екстремни кајакари се нашла на Хавајските Острови за време на ерупцијата на еден од најактивните вулкани на светот Мауна Лоа. 

Фотографот Александре Сочи ги направил овие неверојатни фотографии заедно со професионалниот кајакар Педро Оливиа и неговиот тим составен од Бен Строуксбери и Крис Корбулик кои решиле да влезат во водата иако веројатно температурата достигнува и до 90 степени цезлиусови во вакви услови.

Тимот препорачува дека оваа нивна мала авантура е екстремно опасна. „Не сакаме луѓето да помислат дека е безбедно да се весла толку близу покрај растопена лава, тоа воопшто не е безбедно“ изјавил фотографот Сочи. Кајаците после оваа авантура биле многу оштетени, а на еден од кајакарите му се запалиле веслата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија