Froning: The Fittest Man in History - Трејлер

Документарец за Кросфит машината Рич Фронинг

Ако некој од вас некогаш гледал или читал нешто повеќе за КросФит Игрите тогаш сигурно сте ја чуле приказната за физички најспремното човечко суштество по име Рич Фронинг кој доминира веќе неколку години по ред со неговите резултати. Прашањето сега е, дали навистина Рич е „најфит” човекот во историјата на човештвото?

Со четири последователни титули во КросФит Игрите и неверојатна кариера која започнува во 2009 година, документарецот за Фронинг всушност ѕирка во неговиот приватен живот откаде се обидува да ги ископа деталите за неговата посветеност и одговорот на прашањето дали всушност тој е физички најспремниот човек во историјата?

Документарецот ќе открие домашни фотографии, видеа и тестаменти од неговите пријатели и роднини кои ја покажуваат неговата вистинска страна со многу компетитивности и упорност, одлики на големите шампиони. 

Филмот е веќе достапен на iTunes и може да се купи или изнајми за гледање

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија