Следете ги фаворитите на КМТ 2015

Оваа година на трката во планинско трчање „По стапките на Крали Марко” која ќе се одржи викендот на 26 и 27 септември во Прилеп ќе има еден мал и доста интересен новитет.

30 натпреварувачи од трките „Козјак” и „Прилепско езеро Треил” кои стартуваат во сабота во 8 часот наутро и 28 натпреварувачи од трката „Трескавец Треил” закажана за недела во 8 часот кои се сметаат за фаворити ќе бидат опремени со ГПС предавател со кој ќе се обезбеди „во живо” следење на нивниот напредок на поедините трки. 

Ова е одличен новитет со кој се зголемува атмосферата во самата трка и сите оние блиски до тркачите ќе имаат можност постојано да ги следат нивните фаворити. ГПС следењето е стандардно пристутно во денешните трки низ светот и во иднина се надеваме дека ќе се развие можност за покривање на сите тркачи како на оваа така и на останатите трки во Македонија. 

Подолу ви ги приложуваме двата линка на кои ќе можете да ги следите натпреварувачите кои се наведени со име и презиме и трка. 

Трките во сабота (65К и 31К) – http://tracksport.eu/map/map.html?id=954242519
Недела (16К) – http://tracksport.eu/map/map.html?id=954242520

топо мапата и сегментите од трите трки можете да ги погледнете ТУКА

Дополнително, сите оние кои имаат можност да дојдат на лице место на стартот и финишот во Варош, Прилеп се добредојдени на добра забава и бодрење на натпреварувачите. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија