Хуманитарна трка на 5 километри на кејот на Вардар

Спортот и хуманоста сплотени во едно

Минатата недела на едно од најпосетуваните места за рекреирање во Скопје – кејот на реката Вардар беше организирана хуманитарна трка на пет километри каде мноштво спортски активни граѓани дојдоа и ја покажаа својата хуманост на дело.

Хуманитарната трка на пет километри која беше во организација на Хербалајф – Македонија беше посетена од повеќе од 180 луѓе и во одлично расположение и дружба собра хуманитарни средства кои овојпат беа наменети за основното училиште „Јан Амос Коменски” поточно за паралелките за деца со посебни образовни потреби. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија