Е не ти е ова Канео брат

На кратко: поставен е нов рекорд во скокање од карпа во некој кањон во Швајцарија. Aко некогаш сте скокнале од некоја малку повисока капра, пример од Канео или онаа на Белиот Рај во Миравци тогаш знаете дека мочката мрзне и во лето. Епа типов лета 4 секунди. 

Типот се вика Ласо Шалер и моментално го држи рекордот за скок од највисока карпа досега, со неверојатни 58,8 метри висина во близина на водопадот Каскада дел Салто (не сакаш салто тука да пробуваш дефинитивно). 

Статистика за скокот:

  • Висина – 58,8 метри
  • Најголема достигната брзина – 123 км/ч
  • Длабочина на басенот – 8 метри
  • Време во воздух – 3,58 секунди 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија