Мостарското скокачко шоу зазема светски размери

Уште од пред приближно 450 години Величенствениот Султан што сега го гледате по телевизии во тоа време го дал аберот да се гради Стари Мост на реката Неретва во Мостар. По неговата изградба младите локалци започнуваат една многу интересна традиција на скокови од него во студената река како начин на докажување на машкоста. Традицијата трае и до ден денес, а оваа година беше дополнета со настап на светската елита во овој спорт. 

Овој викенд серијата на Ред Бул Клиф Дајвинг, натпреварување во скокови од височина во вода, за прв пат се одржа над водите на Неретва, од познатиот Стари Мост во Мостар. Историјата на скоковите од овој мост датира уште од пред 470 години за време на отоманската империја со што тој претставува право место на Балканот за оваа манифестација.

Најдобрите светски атлети во скокови во вода учствуваа во првото издание на Ред Бул Клиф Дајвин кое се одржа во Мостар. Во текот на два дена тие направија вистинско натпреварувачко шоу за очите на гледачите, туристите и локалците кои имаат долга историја на скокање токму од овој мост. 

Скоковите од овој мост висок 24 метри (од платформата на натпреварувањето 28 метри) датираат уште од кога мостот е изграден (цирка 1664 година) за време на отоманската империја. Тоа традиционално се одржува на крајот од јули кога младите локалци го прифаќаат овој страшен предизвик како начин на докажување на машкоста и смелоста. 

Првите две места ги освоија Мексиканците Џонатан Паредес и Серџо Гузман а трет беше Дејвид Колтури. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија