Кули од патлиџани

Летна комбинација од антиоксиданси, модриот патлиџан изобилува со антоцијанини, а црвениот со ликопен. Освен тоа, ова предјадење е исто толку вкусно како и што изгледа…

 
  • 1 модар патлиџан
  • 2 домати
  • 150 грама ајдамер
  • маслиново масло
  • босилек
  • сол
  • оригано
 

1. Од модриот патлиџан се сечат тркалца напречно, се попрскуваат со маслиново масло и сол се оставаат да отстојат 15 минути.

2. Тркалцата модар патлиџан се печат во плех на хартија за печење околу 20 минути на 180 степени.

3. Врз секое тркалце модар патлиџан се реди тркалце домат, па се зачинува со босилек и оригано, па уште едно тркалце модар и на крај тенко парче кашкавал.

4. Кулите од патлиџани се враќаат во рерна уште 5 минути додека да се стопи кашкавалот.