Летен каротенски оброк

Заштитата од сонце засилете ја и преку стомакот со ова вкусно бета каротенско јадење

 


 

 
  • 500 грама моркови
    200 мл доматно пире
    2 лажици путер
    Сол и бибер
    2 лажици кафеав шеќер
    Гранче рузмарин
 

1. Морковите се лупат и се сечат на стапчиња како за помфрит.

2. Во тавче се растопува путерот и кратко се пропржува морковот.

3. Се додава шеќер кратко да карамелизира 

4. Се налева доматно пире, се зачинува според вкус и се крчка уште 10тина минути.