Ќе посади милијарда дрвца со дрон наместо со лопата

Засадувањето на дрвца на оголени површини секогаш било благородна работа. За таа цел Лаурен Флечер кој работел во НАСА (со други зборови има кликeр за вакви работи) решава да направи план како да засади милијарда дрвца за една година.

Планот е да се помогне на некаков начин кон климатските глобални промени, затоа што шумите исчезнуваат со индустриска брзина, додека садењето на подмладок тешко врви.

Но затоа дрон леталата со модификација за таква намена можат да ја направат работата изводлива и да засадат 36 000 дрвца на ден со само 15% од трошоците што би се користеле при класичните методи.

Дроновите би летале на два метри од земјата и би испукувале чаури со хранлива хидрогел обвивка во кои предходно има додадено семе. Заедно со дрвата ги се имплантирале во земјината површина разни микро организми, фунги и сето она што е потребно за да се направи солиден еко систем.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија