Дали тежината е индикатор за вашето здравје

Тука почнуваме од заклучокот за да биде што појасно – неколку вишок килограми на вашето тело не секогаш значат и лоша здравствена состојба, а доколку си слаб, исто така не значи дека си здрав како дрен. Едноставно, работите се доста релативни и зависат од бројни факотори. 

Во потрага по некаква формула за решавање на оваа проблематика научниците своевремено го имаат измислено БМИ(ндексот) кој во голема мера дава погрешна слика за состојбата во која се наоѓа здравјето на еден организам. Едноставно, здравјето на човекот не е во состојба да се измери преку едноставни ригидни калкулации на неколку бројки туку истото е далеку посложено и зависи од многу фактори. 

Честопати БМИ премерувањата знаат да ги калсифицираат крупните, но мускулести и активни луѓе во категорија на прекумерна тежина или пак слабите во категорија на нормален однос на тежина према висина, но тоа никогаш нема да биде соодветен одговор за тоа колку е здрав организамот т.е. во каква состојба е кардиоваскуларниот систем, метаболичкото здравје, нивоата на глукоза и ред други важни работи.

Она што тука го разработуваме е токму тоа, постоењето на личности кои имаат некој вишок на тежина на своето тело, но не значи дека не се во добро здравје и личностите кои немаат голем процент на масно тквио и вишок тежина, а не се по „дифолт” здрави, и многуте варијанти измеѓу сето ова. 

Она што е важно да се знае е дека дебелината и вишокот на масно ткиво (особено во одредени делови на телото) е дефинитивно ризик фактор за голем број на болести, но тоа не значи и дека слабите се целосно заштитени од истите тие состојби, единствено, тие се некако подобро „камуфлирани”, на еден начин. Упростено, тежината не е дефинитивен индикатор за вашето здравје туку истото е зависно од многу повеќе фактори.

Наместо тоа, гледајте на работите пошироко. Редовното вежбање, што почестото движење, спортување и рекреирање, здравата исхрана и балансираното ментално расположение се главните индикатори на здравјето, честопати и без да се гледа во вагата, односно, вишокот од килограми човек може да го носи на многу здрав начин, доколку се сака. 

Заклучокот е следен: Бидете здрави одвнатре, тоа е многу поважно. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија