Интервју со човекот кој по шорц освојува планини

Вистинскиот Дедо Мраз

Вим Хоф или попознат како „Човекот Мраз“ е личноста која држи 20 гинис рекорди и сите се поврзани со студ – во превод, човекот не е зимурлија. 

Тој планинари во зима само по шорцеви, трча бос на мраз, плива во арктички студени води и ужива да се „бања“ во коцки мраз. Едноставно кажано, Вим Хоф има целосна контрола над сопствената терморегулација и може да издржи во екстремни услови долго време, па неговите подвизи се натчовечки.

Во интервјуто што следува, изготвено од Танакин Купер за Ред Бул, Човекот Мраз објаснува како успеал да отседи 2 часа во када со мраз и да истрча пустински маратон без да пие вода…

Како започна целата приказна?

Имав 17 години и барав начин да ја продлабочам самоконтролата. Еден ден, во паркот налетав на езеро и бев силно привлечен од ладната вода. Влегов на една минута, но веднаш знаев дека тоа е тоа, дека ова ќе ми го отвори патот.

Го сменив шаблонот на дишење. За неколку месеци бев способен да вдишам доволно кислород за 5 до 7 минути под вода, без потреба за воздух. Научуваш поинаку да дишеш, чувството е прекрасно.

Издржа 1 час и 53 минути во када со мраз. Како?

Ја одржувам телесната температура преку мислите и дишењето. Го насочувам умот кон ендокриниот систем. Само под дејство на умот, без тресење или движење, моите клетките продуцираат 300% повеќе метаболна активност. Тоа значи повеќе енергија. Се е до контролата со умот, го користам него за да го управувам со клеточниот метаболизам.

Навистина?

До сега научниците нè убедуваа дека нервниот систем е автономен и не може да се управува со сопствената волја. Моите техники, напротив, докажаа дека може.

Во една компаративна научна студија, 12 мои луѓе беа способни да продуцираат повеќе адреналин лежејќи во кревет, отколку нормален човек при прв банџи скок. Истите 12 беа намерно заразени со бактерија која предизвикува симптоми за 5-8 часа. Групата ги супримираше реакциите уште во првиот половина час. Тоа е длабока контрола.

Дали ова значи добри вести за сите авантуристи?

Сите авантуристи бараат подлабока контрола над себе и секој кој постигнува рекорди, можеби несвесно, но веќе природно го прави тоа. Имам огромна почит кон сите екстремни спортисти. Овие луѓе ги бараат внатрешните длабочини преку екстремни подвизи. Тоа е спиритуалност за мене.

Чувствуваш ли ладно воопшто?

Не, не навистина. Нервниот систем е составен од нерви, ако имате контола врз него, ќе продуцирате и многу повеќе допамин кој го намалува рефлексот на болка. Телото е целосно опремено за да ве одведе во крајности, но претходно мора да научите како да го контолирате.

Дали некогаш си добил смрзнатина?

Еднаш, трчав бос низ Лапонија, беше прилично ладно и имав проблем со циркулацијата некаде околу 18 км. Едната нога, од коленото надолу ми делуваше како дрво, не можев да почувстувам ништо.

Докторот ми дијагностицираше смрзнатина со неповратно оштетување, ми закажа контрола за неколку месеци, ме советуваше да ја одржувам ногата постојано сува и ми препиша еден куп лекови. Јас го направив спортивното. Не ги земав лековите, а ногата ја третирав со една маст која служи за мачкање на вимето на кравите. За еден месец се излечив. Тоа е единствен пат кога добив смрзнатина.

Како се справи со пустината?

Си помислив, се справувам со ладно, но што е со топлото?! Ако можете да се справувате со ниските температури, тогаш следува дека може да се справувате и со високите подеднакво добро. Така отидов во Намбија, без некои претходни подготовки, истрчав маратон и не пиев ништо притоа. Физиологот рече дека е зачудувачки што температурата на моето јадро се одржа на 37 степени целзиусови.

Дехидрираше?

Да, изгубив 5,2 литри течност, но надокнадив вода, неколку пива и бев добро.

Што е следно?

Во средината на Јануари, 20 луѓе ќе се обидат да го освојат Килиманџаро за 36 часа, само по шорц и чизми. Тоа е одличен начин да се покаже дека секој може!

И јас сакам да трчам бос на снегот. Од каде да почнам?

Најдобриот совет е да применувате топло-ладен туш. Ќе забележите голема разлика ако го правите ова секојдневно. И уште еден совет, дишете повеќе отколку што е потребно.

Текстот е превземен и адаптиран од следниот линк

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија