Ѕвончето што (најверојатно) никогаш нема да ви треба

Освен ако не решите да трчате по загадениот и пренатрупан центар на Скопје, на сред битолското корзо каде што ќе бидете прва мета за мајтап или во Токио. 

Со 13 милиони становници на екстремно мал простор не е за чудо што местото на раѓање на идејата за Runbell е токму Токио. Истото претставува обично велосипедско ѕвонче што е модификувано и направено за да биде користено од оние луѓе кои трчаат по улици и локации каде што владее огромна гужва. 

Според луѓето што го имаат измислено, исто како што велосипедите имаат задолжение и реална причина да имаат ѕвонче бидејќи се дел од сообраќајот, така и оние кои трчаат во пренатрупаните градови и реално немаат простор за џогирање на поопуштена локација треба да имаат опција за предупредување на остантите.

Кампањата која беше покрената на Кикстартер ги исполни очекувањата и бројката на доларчиња која што ја побараа луѓето позади проектов од граѓаните беше исполнета. 

Иако сметаме дека за наши услови ова парче опрема никогаш нема да ви затреба, интересно е да го имате во предвид, па реално ако имате причина, пазарете си го на нет.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија