Пред да ја направите вашата фитнес револуција прочитајте ја нашата приказна

Зашто одлучив да изгубам 30 кг. и да градам фитнес кариера?

Долго време не се грижев за себеси. Имав прекумерена тежина, јадев брза храна и секакви други глупости (гледано од денешен агол).

Нездравата храна ми беше прибежиште од сите тешкотии што тогаш ми се насобраа како смртта на член од семејството, пропаѓање на бизнисот, прекинот на љубовната врска.

Сите тие настани ме научија на многу работи:

Прво, дека морам да ги сменам своите навики за да не ме снајде и мене истото, односно за да се изградам во здрава и цврста личност.

Второ, дека нездравиот начин на живот и исхрана можат да бидат фатални, како што беа за татко ми.

Како трето, прекинот на љубовта ми покажа што вистински сакам од мојот живот.

И кога веќе започнав со реализирање на проектот, си ветив себеси дека никогаш нема да се откажам, без оглед на негативните мислења на луѓето околу мене. Сите тие само го јакнеа мојот инает и одлучност за успех.

Пред 1 година не верував дека можам да кренам 2 пати од мојата тежина. Сега го правам тоа. Пред 3 години никогаш не помислував дека можам да трчам полумаратон. Јас го направив и тоа.

Вежбањето со слободни тежини е изборот кој ми ја направи разликата, на нивоа многу подлабоки од она што е видливо на фотографиите. Низ сите предизвици и потешкотии минував сам, чекорејќи со мали чекори, но континуирани. Од моментот кога одлучив, никогаш не престанав да одам напред по патот.

Дејствувајте и Вие сега. Не од понеделник, не од утре, туку сега. Не одложувајте. Осмелете се да направите позитивна промена во Вашите животи. Нека биде таа одлука, бидејќи се сакате себеси

Искрено Ваш,
Стефан