Брза пита од бајат леб

Брз и вкусен, но и економичен топол појадок, додаток за ручекот или вечера.

 
  • 500 грама бајат леб 
  • 4 јајца
  • 300 грама сирење
  • 100 мл маслиново масло
  • 500 мл млеко
  • 1 лажица брашно
  • сол според вкус
  • зачини и семки според вкус
 

1. Лебот се сече на коцки и се реди во тепсија, а одозгора се налева со сите останати состојки, добро измешани.

2. Се зачинува по желба со сол, бибер, разни миродии, се потиснува и се остава околу 10 минути убаво да накисне и да се впијат состојките.

3.Се прече во фурна на 200 степени околу половина час, а пред крај се ренда сирење, се додаваат семките и се допекува уште 5 минути.