Женски муабети

Пиете ли по една со партнерот, за добра ноќ?

Жените, алкохолот и спиењето…

Ако мислите дека со помош на алкохол полесно спиете сте се излажале, а тука се и научните испитувања да ви потврдат. Алкохолот помага иницијално да заспиете полесно, но како навлегувате подлабоко во сонот, настанува прекинување токму на најважната РЕМ фаза т.е. онаа фаза каде ви се консолидира меморијата и наученото во текот на денот.

Испитувањето за кое зборуваме е направено на млади женски лица, кои себе се опишале како „спанки“. По неколку испиени чашки и иницијалната поспаност, бил проследен нивниот сон и како што очекувавте, тие спиеле многу понеквалитетно, отколку во нормални услови, без алкохолна асистенција.

Интересниот дел е дека всушност се очекува алкохолот да им создава поголеми маки на жените отколку на посилниот пол. Ензимите кои го преработуваат алкохолот кај понежната популација се помалку активни, па поголема количина навлегува во крвотокот.

Заклучок? Алкохолот не ви помага да запиете полесно, особено ако пиете иста количина како и вашата посилна половина.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија