Фитнес машини и вежби – завчера и денес

Поглед во „разликите“ на машините и методите на вежбање од 1800-тите години и денес.

Фактот што скоро сите фитнес машини, па и вежби т.е. методи и принципи на вежбање имаат некакви далечни историски корени е неизбежен. Денешните справи и вежби се всушност модификации на нешто што било измислено далеку во историјата, само што тогаш било многу малку, ако не и воопшто користено поради слабата популарноста меѓу луѓето.

За сличноста добро покажува и оваа интересна книга од Ернест Густав со наслов The Portable Gymnasium („Подвижната вежбална“) која датира од 1861 година и во која се запишани и скицирани повеќе фитнес вежби и машини од тоа доба кои неверојатно многу потсетуваат на денешните. 

Овде ја земавме за пример машината за веслање која ги има истите движења и намена како тогаш така и ден денес. А ако пролистате низ ПДФ-ката линкувана погоре сигурно ќе пронајдете многу сличности. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија