МАКЕДОНСКА СПОРТСКО КАЧУВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА

Добредојдовте на Petzl RocTrip во Прилеп

Изминативе 12 години меѓународниот качувачки собир “Petzl Rock Trip” стана бренд и место каде што се собираат голем број качувачи. Патувајќи низ Јужна Америка, Западна Европа, Северна Америка, се преставува домаќинот, се привлекува качувачка популација од целиот свет и сите заедно со врвните качувачи од тимот на Petzl, качуваат, се дружат, разменуваат искуства и сонуваат за следните средби. На мапата на организирани Рок Трипови недостасуваше само едно парче, за кое мечтаев до пред неколку години: Балканските земји !

Кога отидов да се запознам на лице место, видов огромен и прекрасен потенцијал за качување, некаде дури не започнат, некаде со можност за уште. Насекаде карпи, камени планини, каде културата на алпинизмот и спортското качување е на високо и професионално ниво.

Но, од тoлку голем избор како да се одлучиме за едно место за Petzl Rock Trip 2014 ? Ние избравме!

Оваа година ви предлагаме да ни се придружите, за да го откриеме качувањето по целиот западен Балкан, значи еден вистински “Petzl Rock Trip” на пат !

За 40 дена и ноќи ќе поминеме заедно во Романија, Бугарија, Македонија, Грција и на крајот ќе пристигнеме во Турција. На секои 4-5 дена, ќе го стационираме караванот од едно на друго место. Тоа е импровизиран кампинг, со големо гостопримство на општините домаќини, од региони со спортско качувачки насоки, болдер меки, па се до алпинистички долги насоки.

 

Од густа шума ќе помине преку пустина со болдери и ќе отидеме дури до брегот на едно сино и топло море. Ќе патуваме по автопати, по регионални и по земјени патишта. Вечерите ќе бидат разгорени од Petzl Филмскиот матерјал или едноставно кажано покрај оган, ќе мечтаеме заедно на презентациите на Крис Шарма или Лин Хил.

Ова ќе биде една качувачка авантура во чистиот дух на “Petzl Rock Tripot”, која не треба да се пропушти една авантура за сите кои имаат желба, со сите домашни качувачи и со целиот Petzl тим.

Независно од начинот на транспортот, дали со личен транспорт, дали во придружба на караванот или со организиран превоз, ние сме подготвени да ве пречекаме секој ден од таа исклучителна одисеја. Може да уествувате еден ден, може пет, или пак може да ни се придружите за време на целиот караван. Тоа го оставаме на вас и вашите желби !

Ерван Ле Лан
Главен и одговорен менаџер за Petzl Rock Trip

Petzl Rock Trip 2014, е качувачки караван кој трае 40 дена, низ 5 држави, над 2.000км, 10 базни логори ќе се престојува и над 30 карпести масиви или качувачи локалитети ќе се посетат! Целосна информација за настанот имате на http://www.petzl-roctrip.com/en

Програмата за во Македонија, поточно во Прилеп е:

Четврток, 25 Септември 2014
Караванот пристигнува во Прилеп
Добре дојде попладне во Прилеп
Презентација на натпреварот “откриј нов болдер”

Петок, 26 Септември 2014
Качување
Натпревар “откриј нов болдер”
Културни попладневни активности, музика

Сабота, 27 Септември 2014
Качување
Натпревар “откриј нов болдер”
Културни попладневни активности
Музичка група

Недела, 28 Септември 2014
Качување
Натпревар “откриј нов болдер”
Попладневна филмска презентација
Понеделник, 29 Септември 2014
Заминување кон Метеора

За време на престојот во Прилеп, македонските качувачи ќе имаат прилика да се запознаат, качуваат и дружат со врвните светски качувачи од тимот на Petzl.

Добро ни дојдовте во Прилеп, Македонија !

ПРЕВЗЕМЕНО ОД МСКФ

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија