Превенција е клучот кога во прашање е рак

Најмалку 1/3 од сите случаи на рак може да се превенираат. Како? Со неколку мали и позитивни промени во стилот на живеење…

Ракот е заболување кое најчесто не бира ниту време ниту жртва. Сепак добрите вести се дека речиси 1/3 од случаите се поврзани со фактори кои зависат лично од нас и може да се превенираат.

Според извештајот од Американската асоцијација за истражување на ракот, број 1 превентабилен фактор за појава на рак е пушењето, но на листата се наоѓаат и фактори како обезитет, недволна физичка активност и лоши навики во исхраната. Додека ракот на бели дробови стагнира, ракот на панкреас, тироидеа и црн дроб (асоциран со прекумерена тежина) расте.

На глобално ниво речиси на секој трет возрасен му недостига физичка активност, а според последниот податок од 2008, 1.4 билиони возрасни имаат прекумерена телесна тежина. Од друга страна луѓето со здрав животен стил, физички активни и кои се хранат здраво, освен што имаат помал ризик од појава на рак, полесно ја преживуваат и неговата појава.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија