Здравко Дејановиќ е првиот Македонец на К2

Вчера, на 27.07.2014 година во раните утрински часови македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ успешно го искачи К2 како дел од интернационален состав и се запиша како првиот Македонец кој го искачил вториот по височина, но еден од најопасните врвови на планетава. 

Официјалната потврда за успешното искачување пристигна од веб сајтот explorersweb.com кој пренесува најнови вести од искачувањата на големите врвови низ светот.

Во објавата за американскиот и финскиот тим кој успешно го искачиле К2 некаде утрото на 27.07. беше ажурирана и веста за интернационалниот тим составен од Иранецот Реза Шахале, нашиот Здравко Дејановиќ и Шерпасот Мингма Гајле кои исто така успешно се искачиле дента и се на симнување.

„Денеска (27 јули) сите членови на нашиот тим успешно се качија“ – била пораката од интернационалното трио.

 

К2 (8,611 м.н.в) е вториот највисок врв на земјата кој е сместен во Пакистан и тој заедно со Анапурна (8,091 м.н.в) се сметаат за најтешките и најсмртоносните врвови на светот. Здравко имаше еден неуспешен обид за качување на К2 и минатата година, но 2014 се покажа за поуспешна. Во своето резиме тој има и други бројни високи врвови како Монт Еверест, Аконкагва и др.

Му посакуваме безбедно симнување и враќање во Македонија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија