Мала лекција за стресот и јадењето

Чинијата макарони и колачињата на момент делуваат како најголема утеха во една стресна ситуација ама не за долго…

Во една мала студија на Хардвард Универзитетот, биле споредени ефектите на високо протеинскиот оброк, оброк богат со диетални влакна и оброк со висок глиемичен индекс (макароните и колачињата од погоре). После третиот тип на појадок учесниците набрзо станувале гладни.

После оброците со висок гликемичен индекс рапидно се покачува и нивото на шеќер во крвта, инсулинот и како одговор на целиот тој стрес се покачуваат и ендогените катехоламини – адреналинот. Целата оваа метаболичка и хормонска промена доведува до екцесивна консумација на храна и зголемен апетит

Најчесто кога сме под стрес, правиме и лоши одлуки кога станува збор за храната што ја консумираме. Под влијание на стресот често и посегнуваме по храна со висок гликемичен индекс и обратно, храната со многу шеќери доведува до метаболични и хормонски промени кои се стресни за организмот.


КОЛКУ СТРЕС ВИ ДОДАВА ДИЕТАТА?


Експертите велат дека во вакви ситуации треба да се консумира храна со антиимфламаторен ефект т.е. храна која го намалува стресот. Такви се омега 3 масните киселини кои го намалуваат бурниот инфламаторен одговор на организмот.

Јајцата, рибата, листестите зеленчуци, чиа семките и темното чоколадо изобилуваат со омега 3, магнезиум, калиум, калциум, витамини кои го прават организмот отпорен на стрес и треба да бидат прв избор во стресни ситуации.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија