Од Англија до Франција на точак 55 минути

Како? Ако си Крис Фрум, те финансира Јагуар и ти дозволат пристап во Евротунелот…

Тунелот е долг 54 километри, а најдлабоката точка се наоѓа на 75 метри под морското ниво. Низ џиновската цевка од бетон и неонски светла, Крис Фрум (29) стигна на француската страна за помалку од час и влезе во историјата, запишан како првиот велосипедист кој поминал низ овој тунел. Миленикот на Тур де Франс за 2014, ова искуство го опишал како неверојатно.

Чисто за споредба со фери брод ви се потребни околу 90 минути, а со Еуростар околку 35 минути за да стигнете на другота страна.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија