Бодибилдинг

Нов ефектвен суплемент на повидок – Фосфатидна киселина

Во полето на суплементацијата, тригер факторите на мукулната синтеза се од голем интерес. Еден таков фактор е фосфатидната киселина во која се положува надеж дека е следниот “креатин”…

Фосфатидна киселина е дел од фосфолипидите кои ја градат клеточната мембрана. Освен што е голема структурна компонента, критична за животот, исто така има улога и на сигнална молекула.

Како делува фосфатидната киселина? Преку екстерна стимулација на мускулатурата (вежбање) доаѓа до ослободување на фосфатидна киселина интраклеточно и откочување на мТОР патот на мускулна синтеза и хипертрофија на мускулулите.

Истражувачите не се сигурни дали ова е директен ефект од киселината или од некој нејзин метаболит, но во секој случај студиите спроведени врз експериментални животни, а потоа и врз луѓе во сите наврати дале позитивен краен ефект.

Од 28 мажи, половина примале фосфатидна киселина (750 мг на ден), а другата половина плацебо. Вежбале четири пати во неделата во тек на 8 недели, повеќе различни типови на вежби за целото тело.

На крај испитаниците кои земале суплемент ја зголемиле тежината за 2-3 килограми и имале за 1 цм поголем ректус феморис отколку контролната група, што не се мали разлики за овој временски период.

Треба да се нагласи дека неколку од авторите на овие истражувања се дел од фирми кои произведуваат суплементи на база на фосфатидна киселина, па заради тоа податоците ќе ги земеме со мала резерва, но очекуваме уште идни истажувања кои ќе ги разрешат сите дилеми околку овој суплемент.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија