Свежни се на пола работно време

Ако попладневната дремка ви е сериозен противник кога се обидувате да го искомпонирате мејлот до шефот или да го прочитате документот што цел ден ви дреме на биро, еспресото не е единствен и најефективен спас…

Седењето на подолг временски период се поврзува со ментален замор. Ако работата ви е врзана за биро и поминувате повеќе часови пред компјутер, некаде во текот на денот сигурно целосно ја губите концентрацијата и ви се потребни барем неколку минути лево-десно низ канцеларијата.

Истражувањата покажуваат дека само неколку вежби за некоја голема мускулна група, како на пример нозете, значително го подобрува менталниот перформанс во наредниот период. Кога вежбате нозе всушност го вежбате и мозокот. Со силната мускулна контракција на нозете ја подобрувате циркулацијата, а со тоа и исхраната на мозокот.

  • Се смета дека англискиот романтичар Вилијам Вордсворт, дел од своите поеми ги смислил “на нога” за време на неговите долги прошетки. Постои уште една долга низа на креативци кои тврдат дека најдобрите идеи ги добиваат додека се физички активни.
Важно е да се напомене дека секое понапорно вежбање кое доведува до дехидратација има спротивен ефект и доведува со намалување на когнитивната функција. Затоа без претерување и знајте си ги вашите граници.

 
Освен што влијае која мускулна група ја вежбате, голем удел во ефективноста на физичката активност врз когнитивната функција има и тоа дали мозокот за време на вежбањето ви е “пуштен на пасење”. Мирниот ум е клучен момент кога сакате да се ослободите од целодневните стеги и да почнете со нов лист. На пример оние кои трчале на трака имале подобри резултати во пост-тренажните мемориски тестови отколку оние кои играле Wii Fit. Научниците ова го објасниле со фактот дека Wii Fit до одредена мера го активира и мозокот, па не доаѓа до целосен одмор.

Сепак ако не сте обожавател на аеробните вежби или трчање на трака, малку јога може дефинитвно да се свежне на половина работно време. Бидејќи јогата бара фокусирање на телото, а не на екстерни стимули, се смета дека делува исто толку ефективно колку и аеробните вежби. Пробајте 20 минутни аеробни вежби, кратка прошетка во парк или малку јога, наместо големата коефинска шолја за лесно да го финиширате работното време.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија