ВФМ обезбеди 30 велосипеди за категориите U-13 и U-15

Велосипедската Федерација на Македонија обезбеди 30 велосипеди од марката ДРАГ со комплетна опрема за категориите U-13 и U-15.

Велосипедските клубови кои се заинтересирани да учествуваат во овој проект за развој на велосипедизмот во Македонија треба да достават писмени барања до канцеларијата на ВФМ со комплетни податоци за младите велосипедисти кои би учествувале во овој систем на натпревари.

Рамките се специјална нарачка на ВФМ со соодветна димензија за деца до 15 години. Опремени се со менувачи Шимано Сора модел 2014 и обезбедени се дополнително 60 комплети опрема/ гаќички, дресови, чорапи, ракавици и кациги дизајнирани за ВФМ  со ознаки Македонија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија