Сврти до обликуван стомак

Време е да ја дувнете прашината од хулахопот. Овој малку подзаборавен реквизит е смртоносен удар за гумата околу стомакот и одлична временска машина на кратко да се вратите во детството.

Ем забавно, ем одлично за топење, хулахопот воопшто не е тешко да се совлада, па дури и за оние најмалку координираните девојки. Секој може да врти, само ако има желба и секако време, сепак вежбањето е најлесен начин да се совлада било која техника.

Што ви е потребно? Хулахоп, било каков, иако колку е потежок толку полесно се контролира и има подлабок ефект врз мускулатурата. Облеката е препорачливо да биде потесна, но нешто удобно ќе заврши работа. Поширок простор или природа, малку музика и забавата може да почне. 

Хулахоп експертите велат дека ова е слично на возење велосипед, ќе ви треба малку време додека да си го пронајдете ритамот ама потоа нема сопирање. Во продолжение неколку гифови за почетничка хулахоп рутина…

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија