Пилешки стек во маринада

Прекрасен ароматичен стек… додатокот е по ваш избор. 

 
  • 1/2кг пилешки стек
  • 100мл маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • рендана кора од 1 лимон
  • сок од 1 лимон
  • сол
  • бибер
 

Подготовка

1. Месото се сече на пошироки ленти или по желба како сакате.

2. Месото се реди во маринадата од сите состојки и се одмара на ладно 2-3 часа.

3. Се намотуваат во ролнички и се стабилизираат во чачкалица или се заврзуваат со конец за готвење, а потоа се пржат 10-тина минути.