ПРЕПОРАЧУВАМЕ!

Мураками за трчањето

Што кажува писателот Харуки Мураками кога зборува за трчањето…

„Луѓето понекогаш им се потсмеваат на оние што трчаат секој ден, велејќи дека тие би ја поминале секоја дистанца само за да живеат подолго.

Но немојте да мислите дека тоа е причината поради која повеќето луѓе трчаат. Всушност повеќето тркачи трчаат не затоа што сакаат да живеат подолго, туку затоа што сакаат целосно да го доживеат животот.

Ако веќе ви минуваат годините, многу подобро е да ги живеете со јасни цели и целосно живи отколку во магла, а јас верувам дека трчањето помага да се постигне тоа.

Напрегајќи се себеси до себенадминување: тоа е есенцијата на трчањето и метафора за животот – и за мене, за пишувањето воопшто. Верувам дека многу тркачи ќе се сложат.”

– Харуки Мураками

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија