Отварање на нов качувачки локалитет „Кадина Пештера“

Оваа недела на 23ти март во организација на Македонската спортско качувачка федерација и клубовите Вардар и Екстрим ќе се отвори нов качувачки локалитет „Кадина Пештера“ кој се наоѓа на само 36 км од Скопје.

 

Локалитетот „Кадина Пештера“ кој што се наоѓа во непосредна близина на главниот град на Р. Македонија односно близу селото Гумалево е откриен во релативно скоро време, а со својот потенцијал, тој претставува еден вид на спортско качувачко богатство на нашата држава.

По откривањето на карпата од страна на Горан Кузмановски во 2013 година, претседателот на Македонската спортско качувачка федерација Владимир Трповски заедно со Димитар Попов и останати членови на СКК Вардар и СКК Екстрим ги отворија првите насоки и учествуваа во средување и уредување на самиот локалитет.

Видео: Димитар Попов

Локалитетот се наоѓа во близина на селото Гумалево, општина Зелениково, и до него се стигнува до одреден дел со моторно возило, а потоа пеш по планинарска патека која ве носи до блиска шума и до Кадина Пештера која се наоѓа 50 метри над Кадина река.

Моментално, отворени се 12 насоки со различни тежини, од најлесни до најтешки за врвни качувачи, а се работи на отварање на уште насоки. Насоките се со должина до 30 метри, а самата карпа е локализирана на југо-западна страна.

Повеќе за самиот настан можете да најдете тука.

 

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија