Никој не му шитка ски-лифтови на Ким

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун доби бан од сите Европски држави за неговото барање, некоја фирма да се нафати на извезување на ски-лифтовите кои се планирани во новиот ски центар. И тој е лут!

Додека забрзано се работи на новиот скијачки центар во Северна Кореја кој лидерот Ким Јонг-Ун сака да го види отворен што побрзо, целата работа наиде на стоп откако владата беше одбиена од голем број на европски држави од кои беше побарано да бидат увезени ски лифтовите. 

А според официјалната новинарска агенција на Северна кореја, оваа забрана севернокорејската влада ја толкува како „сериозно прекршување на човековите права“. 

Масик Пасс скијачкиот ресорт е најновиот мегапроект кој е плод на 10 месечната напорна работа кој е наменет да ја покаже Северна Кореја, земјата која е репер за сиромаштија и изолација, како слободна и културно воздигната држава како и секоја друга. 

Последниот договор за 7,7 милиони долари вредни ски лифтови и гондоли беше блокиран од Швајцарската влада. 

Ким се образувал во Швајцарија и најверојатно таму научил да скија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија