Еден куп насмевки од „Атомските мравки“

Трета година по ред, Македонската Спортско Качувачка Федерација го организира меѓународниот турнир во спортско качување кој e наменет исклучиво за малите „атомски мравки“, оние до 14 години. Погледнете каква позитивна енергија владееше за време на двата дена додека се одржуваше настанот, во кој земаа учество голем број на дечиња од Македонија и регионот.

Турнирот „Атомска мравка“ кој се одржуваше на Спортско качувачкиот стадион Карпош воедно претставуваше и Балканско првенство за деца до 14 години на кое настапија голем број на дечиња од целиот Балкан, особено од кај нас, Бугарија, Грција и Србија. 

Настанот беше поделен во два дена. На првиот, 14ти септември, се натпреваруваа сите категории во Водство и Брзинско качување, а воедно, вечерта беа поделени и наградите за тој дел од турнирот.

Наредниот ден, сабајлето, за трите возрасни групи (А,Б и Ц) беше резервирано решавање на пет болдер проблеми.

Резултатите ќе ги надополниме штом ќе бидат официјално објавени.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија