Сè што ти треба се маска и пераи
Тони Зен викаше дека сè што му треба се маска и пераи, маска и пераи, маска маска и пераи.
Евтиниот пар пераи и една маска се сè што ви треба да направите одлична аеробна вежба додека дремете на жешките плажи каде и да го минувате летниот одмор. Снорклањето е супер, во секоја смисла на зборот.
Додека ќарувате и уживате супер подводен поглед од местото кое сте го одбрале, самиот акт на нуркање и пливање што го нуди снорклањето дава безброј здравствени бенефити за кои можеби сте немале поим.
Подобро дишење
Снорклањето го зголемува максималниот внес на кислород што е одличен индикатор за нивото на фитнес спремност. Дишењето преку цевка прави мал отпор што прави потреба од поголем напор за вдишување во споредба со слободното дишење. И издишувањето побарува поголема експлозивност (за да се истурка водата) а со тоа се овозможува потполно празнење на белите дробови за во наредната сесија да се вдише подлабоко.
Вежбање на срце
Нуркањето и пливањето се одлични кардиоваскуларни вежби бидејќи ја зголемуваат работата на срцето и крвта која се пумпа со што се подобруваат аеробните капацитети на организмот.
Без засегање на зглобовите
Како и сите вежби кои се прават во вода, тие ги нудат истите здравствени бенефити без додатни болки и тегоби на зглбовите. Доколку имате вакви здравствени проблеми во летниот период, овие водени активности се далеку подобра варијанта од трчањето или пак одењето.