Песто за зглобови на место

Ако досега уживавте во италијанската кујна еве причина повеќе, без грижа на совест, да смачкате уште некоја доза паста со најпознатиот италијански прелив.

Главната состојка на пестото е свежиот босилек кој покажува силно антивоспалително својство. Старите велат дека токму палењето на граничњата босилек за време на крштевањето ги штити малечките од настинка.

Ваквото дејство на босилекот било тема на низа испитувања каде истражувачите дошле до резултатите дека концентирани дози екстракт од некои типови босилек го намалуваат отекувањето на зглобовите до 73% во тек на 24 часа, односно покажува антивоспалително дејство слично и интензивно како она на Diclofenac (нестериоден анти-инфламаторен лек) . Ефектот на босилекот се должи на високите дози на еугенол, кој му ја дава карактеристичната арома и е активна антивоспалителна состојка.

Уште една компонента на босилекот метил-кавикол покажува вакви ефекти, а на босилекот му дава и спазмолитично дејство, па после претерана физичка активност, покрај позитивното дејство врз зглобовите оваа билка ублажува и мускулните болки.