АХ ТИЕ ДИЕТИ !!!!!!

Излезете надвор од рамката на комерцијалните диети

Познавам луѓе кои целиот свој живот се на ригорозни диети со кои за краток временски период ќе намалат некое килце, меѓутоа на крај тие килца си ги „земаат” назад. 

Од тука следи разочарување, паѓање на моралот, а после одреден период на телевизија или во некое списание ќе излезе реклама за некоја диета од типот: еден ден само месо, два дена овошје, три дена по 4 банеми на секој саат, никако масти и се разбира тука во комбинација влегува и некој „ТОПАЧ НА МАСТИ”, или магична таблета која ги согорува вишокот калории и не дозволува складирање на масти и ветува 5-10 килограми за еден месец. Се разбира време е за уште еден неуспешен обид и повторно вртење во круг.

За успешно да се справите со вишокот на килограми би било корисно да бидете запознаени со неколку правила кои би ви помогнале во намалување на вишокот килограми и зошто е тоа така.

• Правило број 1: Внимавајте да не намалувате повеќе од 1 килограм неделно

Кога телото во период од една до две години ќе остане со одредена количина на масти тоа почнува да ги развива масните клетки, капилари, ензими, периферни нерви, нивото на хормони и сврзни ткива. Оваа количина на масти телото си ја препознава како своја и ќе направи се што е потребно за да ја заштити. Ова се нарекува „FAT POINT”.
Во ваква состојба телото постојано прави мониторинг со помош на посебни пренесувачи на информации (еден од нив е глицеролот), кои го предупредуваат мозокот доколку дојде до нагло намалување на процентот на масти. Од оваа причина диетите кои ветуваат намалување од 5-10 килограми месечно не функционираат и доаѓа до појава на добро познатиот ЈО-ЈО ефект.

Потребни се години за да ја зголемите вашата тежина и да влезете во групата на гојазни луѓе, што значи дека така наречениот „FAT POINT” се зголемува релативно споро. Според тоа доколку сакате да го намалите нивото вашиот „ FAT POINT” треба целиот процес на намалување на телесната тежина, односно мастите да биде бавен.

Ова е причината зошто треба да се запази правилото „ЕДЕН КИЛОГРАМ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА”

• Правило број 2: Потрудете се да го мерите процентот на масно ткиво на секои два месеца

За да бидете сигурни дали вашата диета функционира и дека го намалувате масното ткиво наместо мускулната маса, редовно мерите го процентот на масното ткиво.

• Правило број 3: Избегнувајте големи количини на заситени масти

Една од работите кои треба да ги редуцирате во вашата исхрана се заситените масти поради тоа што оваа храна го зголемува нивото на масти повеќе од било која друга. При зголемена количина на протеини и шеќери организмот прави одредени метаболички прилагодувања за да го зголеми складирањето на гликогенот во мускулите, а истовремено да го зголеми искористувањето на протеините и шеќерите како извор на енергија. Треба да внесете големи количинни на шеќер и протеини за да се складираат во вид на масти. При зголемен внес на заситени масти метаболизмот останува непроменет и истите се складираат во вашиот струк, колкови, задник.

• Правило број 4: одржувајте го нивото на Карнитин

Л-Карнитинот најчесто го поистоветуваат како „ТОПАЧ НА МАСТИ”, што е многу погрешно. Правата улога на оваа амино киселина е да го подобри искористувањето на мастите како извор за енергија. Во организмот се наоѓаат мали количини на карнитин кои се намалуваат при физички активности и со среден интензитет, па според тоа орално конзумирање на оваа амино киселина би помогнало во одржување на оптимално ниво, а со тоа и намалување на мастите.

• Правило број 5: помалку прости, повеќе сложени шеќери

Со внесот на прости шеќери како што се различните видови на чоколади, сокови, бел шеќер и друга храна со висок гликемички индекс предизвикуваме нестабилно ниво на инсулин, односно негово постојано варирање. Поради тоа црниот дроб вишокот на шеќери ги претвора во триглицериди кои подоцна се складираат во вид на масти. Со конзумирање на сложени шеќери се постигнува стабилем метаболизам на инсулинот, односно негово стабилно ниво, а со тоа се добива константно и стабилно ниво на шеќер во крвта и енергија во текот на целиот ден.