Кој ќе дочека четврто колено?

Според едно поново истражување спроведено од институтот во Калифорнија вегетаријанската диета во било кој облик е клуч за подолг живот. Дали навистина е така?

Имено, во студијата биле вклучени 73,308 испитаници помеѓу 2002 и 2007 година кои применувале невегетаријаска или вегетаријанска диета (пескетаријанци, вегетаријанци и вегани). Во 2009 биле споредени и смтрните сертификати на околу 2500 од нив.

Крајниот резултат бил дека вегетаријанците имаат 12% помал ризик од смрт како резултат на некое општо заболување. И не само во случајот со кардиоваскуларните заболувања (кои се поврзуваат со честа консумација на црвено месо) туку и помал ризик од заболувања на бубрезите и ендокриниот систем.

Особено интересен е фактот дека помеѓу самите вегетаријанци мажите подобро котирале и имале подобри изгледи за долг живот во споредба со жените вегетаријанки.

На крај сепак останува факт дека вегетаријанците во поголем дел тежнеат кон здрави животни навики и се хранат со многу овошје и зеленчук, што не значи дека и еден „месојад” ако исто така се храни со многу свежи производи и вложува во своето здравје нема да дочека четврто колено.