Сочен куглоф со тиквички
Одлично викендашко мезе за целото семејство/пријатели.
- 3-4 тиквички
- 100-200г сирење (било какво, а може и микс)
- неколку лажички песто*
- (полнење)
- 1 кромид
- 1 морков
- 1 корен од целер
- 2 домати
- сол, бибер и луто по мерак
- * тупано лукче, босилек, сол и бибер
Подготовка
1. Средниот, поширок дел од тиквичката се сече на ленти и истите во солена вода се бланшираат.
2. Потоа се ставаат во ладна вода, се цедат и се сушат.
3. Се редат во куглов-тепсија (како на сликата), а останатите делови од тиквичките се сечат на коцки и се пропржуваат на масло со пестото.
4. Сирењето се ситни, па се посипува врз наредните листови.
5. Внатрешните продукти се покриваат со листовите од тиквички и се печат на 180 степени околу 10тина минути.
6. На крај куглоф-от превртува во порција за служење.
Додаток
1. Кромидот, сецканиот морков и целерот се пропржуваат, а потоа се додава патлиџан во било каков облик.
2. Смесата се вари до згуснување, а на крај се додаваат и миродиите.