И девојките треба да тренираат под шипка!

Иако билдањето на мускулна маса на поголем дел од понежниот пол не му изгледа атрактивно и не му прави ќеиф и мерак на душата, тоа не значи дека не постои доволно добра причина за теретана. Всушност, постојат бројни полезности од дигањето на тегови на страна од формирањето и дефинирањето на мускули.

 

Еве неколку причини зошто сите, вклучително и понежниот пол и покрај тоа што немаат желба за билдерско хипертрофирање треба да вежбаат со локалните маалски фанатици:

Побрзо се топат масти

Овој тип на вежбање ќе ви изгради чисто мускулно ткиво и го катализира горењето на масните наслаги. Доколку се потпрете само на диетата за симнување на тежина, а не работите никаков фитнес, полесно ќе го изгубите мускулното ткиво, а со тоа ќе имате тенденција полесно да се здебелите.

Ќе ги намалите шансите од повреда и заболувања

Телото кое тренира е способно полесно да ги преработува и троши шеќерите во крвта, а додатно се „тренира” и сензитивност на рецепторите на инсулин па така редовната физичка активност може да учествува во превенцијата на дијабетес. Физичките повреди, од друга страна, се превенираат така што зајакнатите мускули се во можност подобро да ги заштитат зглобовите низ секојдневните активности.

Со вежбање до поздрави коски

Со дигањето на тежина, нашите коски ја зголемуваат цврстината и стануваат погусти, со што се превенира ризикот од остеопороза. Ова особено се однесува на женската популација, која е посклона на оваа состојба од мажите.

Ќе се чувствувате посилни

Со тоа што ги билдате мускулите вие исто така ја зголемувате целокупната моќ и сила во организмот. Затоа, секојдневните активности ќе бидат полесни.

Едноставно се чувствувате подобро

Дигањето тегови помага во зголемување на нивоата на енергија, прави пикови во лачењето на ендорфините и ја буста целокупната самодоверба кај личноста. Ова особено помага во менаџирањето на стресните ситуации кои секојдневно се околу нас.

Доволно чекавте, превземете активност!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија