Вежбање и здрава исхрана – две неразделни нешта

Кратко. Имате намера за здрав и квалитетен животен стил? Сменете ги двете животни навики – започнете да вежбате и храните правилно во исто време, а не се залажувајте само со едното или другото.

Доколку имате во план да направите преуредување на себеси, почнувајќи од слабеење, фрлање на малку мускулна маса и општо градење на здрав животен стил, внесете свежина и промена на двете полиња подеднакво – започнете да се храните здраво (или да следите некоја диета) напоредно со редовните фитнес сесии.

Потпирањето само на диета без никаква промена или напредок во вежбањето не очекувајте дека нешто ќе донесе резултати, како и обратната варијанта – вежбање без никаков обзир за начинот на исхраната, и скоро сите сме свесни за ова.

Но, еве, за девојките кои упорно се ставаат на диета, а не мрдаат од столче, или момците кои пумпаат ама немаат осет со јадењето имаме и студија.

На тест биле ставени повеќе од 200 возрасни луѓе поделени во четири групи за да се пронајде најефективниот распоред на животните навики, дали е тоа фокусирање само на диета на почетокот па додавање на вежби по седум месеци, обратно, или пак придржување на истите во ист период.

Фокусот на програмата не го следел слабеењето туку постигнувањето на општите препораки за физичка активност и диета: 150 минути вежбање неделно, 5 до 9 овошја на ден, и 10 % или помалку калории од заситени масти.

Резултатите покажале дека оние кои на почетокот се држеле само до диетата сигурно ги изоставаат односно пропуштаат бенефитите од вежбањето и таа била групата која најмногу се мачела да ги постигне горниве препораки.

Оние кои вежбале првите месеци биле подобри во постигнувањето на целите, а оние кои паралелно воделе и фитнес и диета најдобро се снаоѓале и внимавале на животниот стил.

Крајната линија е дека комбинацијата од добар фитнес режим заедно до здрава чинија не ги кочи луѓето да си ги исполнат целите за здрав живот, туку напротив им помага.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија