Lavaredo Ultra Trail и Cortina Trail 2015

Магичните Доломити вкусени преку Лаваредо и Кортина (видео)

Искрено, ние не знаеме подобар начин за најубаво запознавање и доживување на одреден регион од активниот алтернативен туризам. Овојпат, екипата на TREX беше на Доломитите во акцијата – Лаваредо Ултра и Кортина Треил 2015. 

Да се биде дел од толку спортски развиен регион е голема чест. Доломитите заедно со регионот на Кортина Д`Ампецо се вистински магнет за огромен број на какви не велосипедисти, алпинисти и спортски качувачи, летачи и секако, планински тркачи. За зима не правиме муабет…

Екипата на TREX оваа година беше составена од 8 члена, шест тркачи од кои тројца на Лаваредо 119 км со 5,850 D+ и тројца на Кортина 47км. со 2,650 D+, а двајца беа во логистика. 

Многу, многу нема да должиме – сите шесторица уживаа и ги завршија своите трки – прочитајте нешто повеќе тука, а видеото погоре ќе оставиме да ве маѓепса. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија