Шест од шест финишери на Лаваредо и Кортина

Викендов во Кортина Д`Ампецо, Италија се одржуваше познатата светска трка во планинско трчање Лаваредо Ултра Треил на која учествуваа повеќе од 2000 натпреварувачи. Македонија беше претставена преку тркачите на ТРЕКС кои сите ги завршија своите трки. 

Тројца од нашите натпреварувачи, Јовица Јованчев, Пенева Тања и Дејан Крле учествуваа на Лаваредо Ултра, трка долга 120 километри со 5850 метри D+. Јованчев го истча Лаваредо со одлично време од 17:05:19 и заврши на 65-тото место во севкупна конкуренција т.е. 55 место во машка во трка на која учествуваа приближно 1313 натпреварувачи од целиот свет.

Тања Пенева и Дејан Крле ја завршија трката во втората ноќ, но со поминато силно невреме на повисоките превои.  Трката успешно ја завршија само 746 од овие 1300 натпреварувачи што е одличен резултат за нашите тркачи.

На Кортина Треил пак, трката со 47 километри и 2650 метри D+ настапија Мартина Милева, Тања Манчева и Игор Јовановски. Овој прекрасен но доста технички тежок круг на Доломитите тие го завршија исто како и поголемиот дел од натпреварувачите кои стартуваа на оваа трка кои беа 1000 на број.

Автор

TREX

Скопје

Македонија