Да му умре прошетката на комшијата

Со карактеристично балканско ситење ви ја пренесуваме следнава информација дека доколку живеете во маало кадешто комшиите ви се повеќе активни, најверојатно и вие ќе бидете повеќе активни, затоа што нели, да му умре прошетката на комшијата.

Во несекојдневна студија правена за да се открие евентуалната зависност меѓу раздвиженоста (не се говори за автомобили, туку за прошетки и рекреации) во одреден дел од градот и вкупната стапка на дебелина на жителите на тоа маало беше откриено дека комшиите и сите оние кои гледате како спортуваат околу вас ви влијаат врз вашето здравје со тоа што потсвесно ве поттикнуваат да бидете поактивни.

Истражувањето беше правено во некои предградија на Ванкувер каде што резултатите покажаа дека во најраздвиженото маало т.е. онаму каде редовно се користи просторот за рекреирање, жителите имаат најмала стапка на дебелина и дијабетес. За разлика од овие делови од градот, онаму каде доминантно минуваат автомобили имаат три пати поголем број на неактивни и повеќе од колку што треба дебели луѓе.

„Знаеме дека дебелината води кон дијабетес и таа е прекурсор за разни срцеви болести и состојби, но сега дефинитивно знаеме и дека нашето опкружување т.е. активноста на граѓаните кои не опкружуваат играат улога во превенцијата на овие болести преку стимулирање на луѓето да бидат што поактивни и да рекреираат редовно.” – вели Џат Санду, главниот доктор во срудијата.

Ние само се присетивме на некои од сликите во еден од најздравите градови на планетата, кога бевме во посета на „Рецептот за здравје на една нација”.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија