Рецептот за здравје на една нација

Два пати на ден по едно, после јадење на сабајле и навечер, ни звучи доволно познато.

Но, што е со оној рецепт за превенција без дози, без временски ограничувања, без препишани апчиња и сирупи што ќе ви ги замени аналгетиците, антидепресантите, антибиотиците и ќе ви биде коњак фетбрнер, а што масовно и е препишан на цела една нација веќе подолго време. Тој рецепт има само едно име, велосипед (генерички Велосипедоприм) а нацијата, блазеси ѝ, се вика Холандија.

И за да ја доловиме и пренесеме целата таа срж на две тркала и како рецептот за здраво, активно и еко општество функционира на живо, дел од тимот на k4t.mk беше во Холандија во неколку градови (Ајндховен, Нијменген, Арнем, Амстердам и Ротердам) за да се увери дека виталноста на холандската нација не е фикција или туристичка фатаморгана од многуте тревкасти и габести адитиви во слободна продажба.   

Она што е сигурно е дека доколку сме свесни за позитивните страни и имаме позитивни примери од употребата на велосипедот  во секојдневието за транспорт, спорт, тренинг, рекреација, лајфстајл, мода, култура, диливери сервис и што ли уште не, ќе бидеме сосредоточени и желни да го направиме тоа и за нас самите, за нашата нација, земја, народ, за нашите поколенија. Ако ве интересира некоја подетална споредба и статистика прочитајте ја оваа статија.

И не мислете дека тоа е нешто неостварливо, доволно е да го препознаеме точакот како решение на многу проблеми. А како за крај, да си знаете дека во Холандија не се вози велосипед, тој се живее. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија