Наука за делкање стомачни

Застарениот пристап (класичните стомачни/sit – ups) не е и нема никогаш да биде правиот пат кон можеби најтешкиот дел за „делкање“ од човековото тело – стомачните. Еве нешто поинакво.

На видеото се покажани серија на вежби кои во основата сериозно ја активираат core мускулатурата, а со тоа делуваат многу подлабоко од традиционалните вежби за стомачни. 

Испитувањата  покажуваат дека секогаш треба да се тренира добра мобилност во горните партии на core мускулатурата во комбинација со стабилизација на долните делови. Со ваква основа, јадрената мускулатура ќе функционира беспрекорно и ќе биде во можност да го витка трупот, ротира и екстендира во сите правци. 

Овие модифицирани вежби може да претставуваат база за одлично вежбање на абдомен. Во нив, додека одредена мускулна група е активирана (пр. ротира), друга мускулна група ги стабилизира движењата, со што се постигнува поефикасен тренинг на абдоминалната мускулатура за разлика од традиционалните стомачни вежби кои најчесто се фокусирани само на површните мускули (rectus abdominis).

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија