Наслов

Неколку знаци дека ви недостига магнезиум

Дефициенцијата на магнезиум е почеста отколку што мислиме. Ова се неколку знаци кои укажуваат токму на овој проблем...

ЗУЕЊЕ ВО УШИТЕ

Појавата на високофрекфентен звук во ушите без надворешен стимулус се нарекува тинитус. Оваа состојба, а понекогаш и губење на слухот може да бидат пропратен знак на ниски количини на магнезиум во телото. Најчесто симптомите исчезнуваат или се подобруваат кога ќе се корегира недостатокот.

ГРЧЕВИ ВО МУСКУЛИТЕ

Магнезиумот е круцијален елемент за правилна мускулна функција т.е. ја овозможува мускулната релаксација. Логично е дека без доволно магнезиум мускулите ќе го немаат потребниот супстрат за оптимално да се релаксираат и ќе дојде до појава на грчеви.


 Како да се справите со грчевите за време на спортување: ГРЧ СИ Е ГРЧ 


ДЕПРЕСИЈА

Недостатокот на магнезиум може да делува негативно и врз расположението. Една психијатриска установа во Хрватска, забележала значителен недостаток на магнезиум кај депресивните пациенти. Исто така, знаете кога ќе се почувстувате лошо и ќе си каснете едно 200 грамско чоколадо? Можеби во магнезиумот лежи решението за чоколадната криза.

АРИТМИЈА

Влијанието на магнезиумот врз мускулатурата не го заобиколува ниту срцевиот мускул. Неправилното срцебиење може да биде резултат од недостаток на магнезиум, а оваа состјба може да доведе до други посериозни компликации.

КАМЕЊА ВО БУБРЕЗИ

Иако често како виновник за камења во бубрези се смета вишокот на калциум, сепак ниската количина на магнезиум е еден од поглавните фактори за оваа појава. Нарушената рамнотежа на минералите во организмот доведува до зголемување на калциумовите оксалати од кои се формираат камењата.

Доколку се пронаоѓате во некои од овие знаци на ниска количина на магнезиум, препорачливо е да го консултирате вашиот општ доктор. Исто така е добро во секојдневната исхрана да вметнете и намирници кои изобилуваат со овој минерал. Топ 10 храни богати со магнезиум на следниот линк

03 Октомври 2014

За авторот