Наслов

Најважните минерали за вашата телесна машина

Зголемена потреба или намален внес? Без разлика кој механизам на недостаток на минерали се случува, истиот може да се одрази преку низа непријатни симптоми... Ова се петте најважни минерали за кои треба да ги внесувате во доволни количини.

Калциум сигурно го поврзувате со цврсти и здрави коски. И секако дека сте во право, но освен тоа калциумот има уште многу други функции во оргазимот, како пренесувач на сигнали до нервниот систем, коагулација на крвта, ензиски регулатор, регулација на крвен притисок. Исто така има улога да го максимизира ефектот на некои од витамините, а многу е полезен и за исфрлање на тешки метали како олово. Затоа задолжително млеко и млечни производи, но и темно зелени растенија како спанаќот.

Натриум најчесто намалувањето на внесот на натриум е главниот фокус кога станува збор за овој минерал. И додека побитно е фанатично да не претеруваме, далеку од тоа дека треба фанатично да прекинеме со внесот и да го лишиме телото од натриум. Една од поважните функции е да го одржува водниот баланс во телото, сигнали меѓу нервните клетки и остварување на мускулна контракција и релаксација. 

Хлор иако ретко слушаме за него, сепак овој минерал е еден од клучните фактори кога станува збор за претворањето на храната во енергија Покрај тоа има важна улога во одржување на pH балансот во телото, во спротивно при нарушен pH доаѓа до пореметување на основни процеси во организмот. Неговата концентрација е внимателно регулирана од страна на бубрезите.


Витамински дефицит: Телото ќе ви каже


Калиум овој електролит има важна улога како и натриумот во регулација и распределна на течностите во организмот, но и во нивната транспортација. Делува и како невротрансмитер, а се поврзува со спречување на развој на камења во бубрезите, а при негов недостаток појава на висок крвен притисок. Банани и домати за повеќе калиум.

Фосфор дел од секоја клетка, клучна состојка за формацијата на ДНК и секоја клеточна мембрана. Освен тоа како и калциумот делува врз здравјето и цврстината на коските и забите. За фосфорот важи правилото дека ако се држите до протеинска храна и храна богата со калциум, тогаш и нивото на овој минерал ќе биде на задоволувачко ниво.

15 Октомври 2013

За авторот