Наслов

Тава со карфиол и брокула

 
  • 1 кг карфиол
  • 1/2 кг брокула
  • 2 лажици путер
  • 2 чешниња лук
  • 500 мл млеко
  • 100 грама пармезан
  • 50 грама мелени ореви
  • 5 лажици брашно
  • мајчина душичка
  • сол и бибер
 

1. Во тавче на путер се запржува истолчен лук, па се додава и брашното, па се налева млеко, за цело време се меша да се добие бешамел сос.

2. Во бешамелот се додава брокулата на ситни парчиња и половина од пармезанот, се вари околку 20 минути.

3. Во тава се реди карфиолот, исцепкан на цветови и се прелива со сосот од брокула. Одозгора се попрскува со оревите, остатокот од пармезан и зачините.

4.Се пече 60 минути на 180 степени.

05 Јуни 2017

За авторот