Лесни полнети бабурки
Летна варијанта на полнета пиперка…
- 4 пиперки бабури
- 150-200г ситни тестенини
- 2 кромид
- 2-3 домати
- 100г сирење
- босилек
- копар
- бибер и морска сол
- маслиново масло
Подготовка
1. Сецканиот кромид со ситно сецканите (рендани) домати се пржат, а пред крај се додаваат сварените (по упатство) тестенини.
2. Се додаваат и миродиите.
3. Бабурите се сечат по должина и се редат во тава која што предходно е лесно премачкана со масло.
4. Се полнат со смесара, а одозгора се додава сирењето со босилек.
5. Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.