Колачиња „Добро утро“
Одлични и здрави колачиња за комбинирање со утринско кафе и за сите обожаватели на крем бананки.
- 1 зрела банана
- овесни снегулки од око
- рендано темно чоколадо
1. Бананата се пасира, а потоа се додаваат овесните снегулки и се ренда темно чоколадо, за да се добие тестеста смеса.
2. Со помош на супена лажица се дозираат колачињата и се формираат дискови кои се редат на тепсија обложена со хартија за печење.
3. Се печат околу 10 минути.