Гнезденца
Кога не знаете како да го потрошите стариот багет, претворете го во вкусни гнезденца…
- 1 багет
- 4 јајца
- 50 грами кашкавал
- сушен босилек
- сол, бибер
1. Багетот се сече на парчиња од 10 цм и му се вади средината, но не целосно (оставате дно).
2. Се крши по едно јајце во секое парче, се посолува и одозгора се додава биберот, кашкавалот и миродиите.
3. Гнезденцата се редат во подлабок сад за печење и се покриваат со фолија.
4. Се пече 10 минути на 220 степени.