Чипс со жалфија

Ароматичен и крцкав…

 
  • Неколку компири
  • ливчиња свежа жалфија
  • масло за пржење
  • црн бибер
  • белка од јајце
 

1. Компирите се лупат и се сечат на тенки резанки како за чипс.

2. Секоја резанка се премачкува со белка од едната страна.

3. Се реди по едно ливче жалфија и се склопуваат две резанки како сендвич.

4.Така залепени се пржат на загреано масло и се зачинуваат со сол и бибер по желба.